Интолеранција на храна/симптоми

Секојдневното консумирање на одредени намирници, може да предизвика реакција на организмот и тоа на било која возраст.

Интолеранцијата на храна е неалергиска реакција на организмот при постојаното или зголеменото консумирање на одредена храна. Тоа најчесто се покажува на Вашето лице како некој проблем со кожата.

Се прави поделба на 4 видови на изгледот на лицето при интолеранција: млечно лице, шеќерно лице, винско лице и глутенско лице. Проверете дали и Вие имате проблем со интолеранција на храна.

Млечно лице. За млечното лице карактеристични се потечени очни капаци, но и целиот предел околу очите, сиви подочници, бледи образи и ситни бубулички по целото лице, особено на брадата. Можно е да имате рапава и сува кожа на лицето. Изгледот на целото лице е уморен. Ве советуваме што поретко да консумирате млеко и млечни производи.

Шеќерно лице. За шеќерното лице карактеристични се брчките на челото, масна, бледа и текна кожа, ситни бубулички по целото лице. Шеќерот содржи молекули кои се соединуваат со колагенот во кожата и овозможуваат кожата да ја губи својата еластичност. Ви препорачуваме дневно да консумирате до 30 гр шеќер.

SLIKA-2

Винско лице. За винското лице карактеристичен е масниот сјај меѓу веѓите, потечени очни капаци, изразени брчки околу очите и меѓу веѓите, истакнати линии под носот, црвенкаста нијанса на кожата, проширени пори. Кожата на образите е сува и дехидрирана. Ви препорачуваме да направите пауза од пиењето алкохол од 3 недели, а потоа консумирањето на алкохол да го намалите за 80%.

Глутенско лице. За глутенското лице карактеристични се црвените и потечени образи, пигментација на брадата, потечено лице, ситни дамки и точки на челото и брадата. Ве советуваме да избегнувате производи кои содржат глутен.

SLIKA-3

Е.С.

 

pic1/ thehealthflash.com

pic2,3/ elle.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.