Стручни/нестручни совети за подмладување

КАКО ДА ГИ ИЗБЕГНЕТЕ НЕСТРУЧНИТЕ СОВЕТИ ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ?

Многу луѓе, особено жените, во подоцнежните години, со појавата на брчките на лицето, размислуваат за помладолик изглед. Тоа најчесто го постигнуваат со дермални филери кои ги потполнуваат брчките и во краток временски период видно го подмладуваат лицето.

Во комбинација со ботокс, со филерите се настојува да се успори стареењето, односно се потполнуваат брчките и усните, се подигнуваат и затегнуваат образите, се омекнуваат грубите црти на лицето. Овој зафат е многу брз и ефективен за разлика од употребата на најразлични креми и серуми за подмладување.

SLIKA-2

Но, при развојот на овој метод на пазарот, секако се развива и „дивиот“ пазар каде работат нестручни лица во несоодветни простории и со несоодветни средства и апарати. Најважно од сè е клиентот да знае да го распознае „дивиот“ пазар пред штетата да биде направена.

За тоа, дали лицето кое ќе ја спроведува постапката е стручно или не, може да се види од интернет, од разни препораки или референци или од лиценцата. Секако дека забна ординација, фризерски салон или некое место за забава не е соодветно место каде се извршува овој зафат. Аплицирањето ботокс или филери треба да биде регистрирана ординација или поликлиника. Алармантен показател за „див“ пазар е и цената на зафатот. Евтината цена ја дефинираат евтините лажни филери и неискусното лице.

SLIKA-3

Знаците дека лицето не е стручно за оваа работа се спуштени образи, премногу затегнато лице, предебели усни, „напумпани“ образи. Во мал број случаи доаѓа до трајно оштетување на нервите и артериите.

Во поголемиот дел од случаите штетата може да се поправи. Преголемата количина употребен ботокс треба да почекате ефектот да спласне, што би траело од 2 до 3 месеци.

 

Е.С.

 

pic1/ harpersbazaar.com

pic2/ overage.com.ua

pic3/ menssana.co.rs

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.