Лак за нокти со вкус на храна!?

Сигурно до сега сте јаделе печено пилешко месо кое Ви останало во сеќавање и од кое прсти сте излижале.

Со новиот изум на брендот KFC отсега постојано ќе можете да си ги лижете прстите, но притоа без да внесувате калории.

Станува збор за лак за нокти, кој е достапен во зеленкаста нијанса – original, со оригинален вкус на пилешко месо и портокалова нијанса – hot & spicy, луто и зачинето пилешко. Содржи видливи зрнца од црвен и црн пипер, кои делуваат како светки. Овој лак се нанесува на ист начин како и обичните лакови за нокти. По нанесувањето, треба да почекате кратко време за да се исуши, а потоа слободно можете да си ги излижете прстите, повторно и повторно. Но, внимавајте, овој лак за нокти има краток рок на траење, односно 5 дена по отворањето на шишенцето.

SLIKA-2

Овој лак содржи 11 зачини кои, комбинирани заедно, овозможуваат вкус на печено пилешко месо. Од компанијата тврдат дека лаковите се безбедни за консумирање.

 

Е.С.

 

pic1/ depotwpf.ru

pic2/ blogs.wsj.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.