Грешки во процесот на вадење шминка

Вадењето на шминката пред легнување е веќе како правило кон кое дамите се држат се повеќе. Колку и да сте уморни и вадењето на шминка во тој момент ви се чини како тежок процес, сепак соберете сила и направете го тоа бидејќи кожата ќе ви биде благодарна, ќе може полесно да диши во текот на ноќта, а утрото кожата ќе биде чиста и свежа со што се намалува можноста од појава на акни. Дали сте се запрашале или дискутирале со вашите пријателки за начините на вадење на шминка? Постојат некои грешки со кои ја третираме кожата на лицето, при вадењето на шминка но и во секојдневната нега. Некои од тие грешки се:

отстранување шминка со помош на крема

 

Грешка бр. 1 – Шминката ја вадите само со миење на лицето со вода. Потребно е средство наменето за вадење на шминка кое темелно ќе ги извади трагите и нечистотиите од шминката, водата не е доволна, особено кај водоотпорните шминки.

 

отстранување шминка на очите

 

Грешка бр. 2 – Вадењето на шминка со било какви влажни марамчиња како најлесна опција за вадење на шминка кај многу дами (доколку се решите на ваква опција гледајте тоа да бидат специјализирани марамчиња за ваква намена),

 

 

vadenje-sminka3

 

Грешка бр. 3 – Kористење на едно марамче/памукче за повеќе делови од лицето (очи, усни, образи- на тој начин нема да биде рамномерно и правилно извадена шминката).

 

 

 

Грешка бр. 4 – Не се применуваат препорачаните совети за миење на лицето после вадењето на шминката особено кога се вади со влажни марамчиња. Повеќето не ја мијат кожата после процесот на вадење на шминката. Може да го измиете со гел за чистење на лице или доколку немате гел тогаш водата е секогаш добродојдена за кожата.

 

Грешка бр. 5 – Кога го миете лицето со вода, водата не смее да биде топла, така се суши и оштетува кожата.

Ова се само неколку од грешките кои дамите може да ги направат, но најважно од се да не заспивате со шминка, за вадењето на шминката не треба да постои никаков изговор.

 

Ц.Б.

Leave a Reply