Одвикнување од јадењето грицки меѓу оброци

Грицкањето чипсови, крекери, благи колачиња или чоколадо навистина нѝ ја пореметува количината на оброците што всушност треба да ја внесеме во текот на денот. Тие не ги исполнуваат ниту дневните нутритивни потреби на организмот. Па така, наместо да слабееме, ние сè повеќе ги зголемуваме килограмите. Еве неколку трикови како да престанете со грицките:

Свежо овошје и зеленчук. На масата во секое време имајте исецкано некое овошје или зеленчук, па кога ќе сакате да посегнете по нешто за грицкање, посегнете по здрави грицки. За да биде уште попримамливо, исецкајте го овошјето и наредете го како ражнич.

SLIKA-2

Не купувајте junk food. Полесно е да посегнете по кесичките со чипс или крекерите доколку веќе ги имате дома, отколку да си зготвите вкусен и здрав оброк. Токму затоа, додека сте во маркетот и пазарувате, одминете го делот каде стои оваа храна и отидете до делот за овошје и зеленчук и одберете си разновидни производи. Ако одолеете на вкусната лубеница или јаготките во фрижидерот и ако и понатаму сакате да грицнете малку чипс, тогаш Вие не сте гладни, туку Вашиот мозок копнее по храна која не е здрава.

Внесувајте храна на време. Многу е важно оброците да бидат на време, без разлика дали сте гладни или не. Треба да имате вкупно 5 оброци во текот на денот, односно 3 главни оброци – појадок, ручек и вечера и 2 ужини – помеѓу појадокот и ручекот и помеѓу ручекот и вечерата.

SLIKA 3

Не дозволувајте да прегладнете. Доколку си дозволите да прегладнете, нискиот шеќер во крвта ќе бара од Вас некоја брза сатисфакција во облик на брз шеќер, односно прехрана во вид на коцка чоколадо, на пример. Секогаш оброците нека имаат адекватно количество на микро и макронутриенти.

Јадете споро. Со спророто јадење и со подолгото џвакање на храната, овозможувате шеќерот кој се наоѓа во храната да стигне во крвта и на тој начин да алармира дека телото е сито. Доколку набрзина ја изедете храната, нема да му дозволите на Вашето тело навреме да Ве алармира, па ќе завршите со преполн желудник, а со тоа и потешко варење на храната и секако, повеќе масни наслаги.

По секој оброк мијте ги забите. Доколку ги миете забите после секој оброк, ќе немате потреба да грицкате и понатаму. Тоа е така, затоа што храната по миењето на забите нема добар вкус, па дури иако станува збор за некоја чоколадна торта. Храната ќе има вкус како да ѝ истекол рокот на траење.

 

Е.С.

 

pic1/ huffingtonpost.com

pic2/ thecomfortofcooking.com

pic3/ yurielkaim.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.