Љубовни зборови: Тој е

Се загледав во него додека спиеше. Честопати знам да го направам тоа „скришно“, како некој мој мал ритуал во кој уживам. Спокој го чувствувам. Бидејќи толку спокојно спие.

Доволно ми е да го погледнам и потоа да заспијам и јас, со помислата дека постои нешто мирно, а сепак бунтовно – кога треба, нешто убаво  а толку маженствено, за мене секогаш неодоливо.

Тој е моето богатство.

 

Ц.Б

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.