Знаци кои покажуваат дека сте под голем стрес

Научете да ги препознавате симптомите на хроничниот стрес, кој тивко и постојано влијае врз човечкиот организам, а со тоа научете и како да се справите со него. Проверете дали ќе се пронајдете меѓу овие 15 знаци:

Тешко се будите од спиење. Надбубрежната жлезда не го излачува доволно хормонот кортизол кој е одговорен за создавање на енергија во телото.

Уморни сте веднаш по будењето. Без разлика на тоа што водите сметка за легнувањето во кревет на време и што спиете доволно, сепак во чувствувате дека во текот на спиењето воопшто не сте се одмориле.

Страдате од несоница. Вие сигурно сте заборавиле како изгледа да сонувате некој убав сон. Најчесто сонувате лоши сништа или пак, воопшто не сонувате бидејќи постојано се будите во текот на ноќта.

Имате слаб имунитет. Хроничниот стрес доведува до опаѓање на имунитетот, па токму затоа Вам често Ве фаќаан настинки и грипови. Човечкото тело со опаднат имунитет многу тешко се бори против вирусите и бактериите кои ги има насекаде.

Често консумирате кофеин. Стресот овозможува да се чувствувате и уморно, па затоа често консумирате кафе или енергетски пијалоци, за кои сметате дека ќе Ви ја вратат енергијата.

SLIKA

Имате главоболка или вртоглавица. Кога не сте работно ангажирани и кога нивото на стрес се намалува, Вие тогаш чувствувате главоболка или мигрена. Често, при станување од седечка или лежечка позиција добивате вртоглавица.

Изразена потреба за солена храна. Стресот овозможува дисбаланс во количеството на електролити во телото, па токму поради тоа посегнувате по било каква солена храна.

Болести на кожата. Атописки дерматитис или чешање на кожата се болести кои се јавуваат доколку сте под голем стрес.

Зголемена појава на акни. Појавата на акни по телото, особено во пределот на лицето, почесто од вообичаено значи дека имате хроничен стрес.

Алергии. Стресот стимулира лачење на имуноглобулин Е, хормон кој е одговорен за некои алергиски реакции.

Болки во стомакот. Болките и вознемиреноста во стомакот, како и грчевите се поврзани со стресот.

Невнимание и несконцентрираност. Често се случува да не можете да си ги средите мислите, да не можете да се сконцентрирате на одредена работа или често заборавате.

SLIKA-3

Нередовен и болен менструален циклус. Излачувањето на вишок хормони на стрес предизвикува дисбаланс на половите хормони, односно, предизвикува нередовен и болен менструален циклус.

Одеднаш не знаете како да се носите со стресот. Доколку цело време сте биле под стрес и сте знаеле како да се справувате со него, одеднаш телото станува неотпорно на стрес, а способноста на толеранција се намалува.

 

 Е.С.

 

извор-слики/ makalcloud.com, feketeagnes.hu, rawstory.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.