Откажете се од пушење со овие вежби за дишење

Голем дел од пушачите тешко ја донесуваат одлуката за откажување од пушење. Но, веруваме дека со помош на вежбите за дишење, процесот ќе биде поедноставен.

Овие вежби за дишење веќе долго време се употребуваат во јогата. Помагаат при правилен развој и третирање на дишните органи и секако при отстранување на несаканите ефекти од пушењето.

При вежбањето на овие вежби, белите дробови ја добиваат потребната количина кислород, градниот кош добива инервација од страна на нервните завршетоци, а абдоменалните органидобиваат лесна системска масажа поради подигнувањето на дијафрагмата.

slika-2

Одберете си една од овие две вежби и практикувајте ги секое утро или во моментот кога ќе имате желба да запалите цигара.

Вежба бр.1. Оваа вежба започнете ја полека и забрзувајте го темпото. Споро вдишувајте преку нос и малку побрзо издишувајте. Еден циклус треба да има 30 вдишувања и издишувања. По секој циклус одморете се 1 минута. За добар резултат повторете 5 до 6 циклуси.

Вежба бр.2. Кога ќе добиете желба за пушење излезете надвор на воздух, исправете се и опуштете се. Вдишете длабоко и задржете го здивот 3 до 5 секунди. Полека издишете и повторно задржете го здивот на 3 до 5 секунди. Оваа вежба повторете ја 10 пати.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ allencarr.ie

pic2/ mainstreetlasertherapy.ca

pic3/ uhooair.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.