5 основни четки за нанесување на шминка

Здраво девојки,

Често пати во оваа рубрика зборуваме за make up производите и различните начини на нанесување на шминката, но никогаш до сега не сме ги споменале четките за шминкање кои всушност се основните алатки во изработката на одличен изглед на шминката.

Така, денес сакам да ве запознаам со 5те основни четки за нанесување на шминка, кои според мене ќе ви го олеснат секојдневното нанесување на шминката и ќе направат таа да изгледа безпрекорно.

Основната функција на четките за шминкање е полесно нанесување на самата шминка, неважно притоа дали станува збор за подлога или сенки за очи, и нејзино блендање кое е фундаментално во перфектниот изглед на шминката.

На пазарот денес може да најдете различни видови на четки во различни облици, брендови и ценовни рангови. Но , сепак не е потребно да имате огромен број на четки кои ќе ве чинат мало богатство, доколку ги користите само за себе. Исто така, при изборот на четки за шминкање, треба да бидете доста претпазливи бидејќи тие се алатките кои го допираат Вашето лице, а никоја од нас не би сакала да грубите влакна на четката направат црвенила и иритации на кожата. Затоа, секогаш бирајте четки од некој ваш добро познат бренд на чиј квалитет безусловно може да му верувате.

Ова се 5те облици на четки за шминкање кои секоја девојка би требало да ги поседува како полесно би ја нанела својата шминка.

А кои се моите 5 основни и омилени четки за шминкање, ќе може да прочитате на мојот блог веќе наредната недела.

SLIKA-1

Рамно сечена четка за нанесување на течна пудра– ова е основната алатка за шминкање на лицето. Ваквата четка ќе ви помогне да ја нанесете Вашата течна пудра рамномерно и брзо,со што ќе добиете сосема природен изглед на кожата на лицето. Ова ќе биде извонредна подлога за понатамошно нанесување на останатите козметички производи.

SLIKA-2

 

 

Четка за нанесување на пудра во прав-голема и пуфнаста идеална за нанесување на тенок слој на пудра во прав која ќе ја сетува Вашата подлога и течен коректор кој сте го нанеле на Вашето лице. Со тоа Вашата шминка ќе трае во текот на целиот ден.Исто така, оваа четка ќе ви помогне уште еднаш да го „измазните“ површинскиот слој на лицето со што ќе добиете безпрекорен изглед.

SLIKA-3

 

Четка за руменило-многу слична четка на онаа за нанесување на пудрата во камен, но во доста помала големина. Оваа четка ќе ви помогне рамномерно и прецизно да го нанесете руменилото на Вашите образи со што ќе му дадете природен изглед на Вашето лице и секојдневна шминка.

slika-4

 

Четка за блендање-мала пуфнаста четкичка идеална за нанесување на сенките за очи. Овој облик на четки за нанесување на сенки за очи е основен и задолжителен бидејќи со неа лесно ќе ги изблендате нанесените сенки на очниот капак, односно нивните строги линии ќе се исенчат и соединат помеѓу себе. Па така, ќе добиете сосема природен изглед и преминување на боите од една во друга.

SLIKA-5

 

Четка за веѓи– шминката не е целосна доколку веѓите не се пополнат. Па така, косо сечената четка за веѓи е задолжителна и основна како би го заокружиле секојдневното шминкање.

 

Марија Ѓорѓијоска Анѓелеска, beauty-блогер и сопственик на блогот My Make Up Bag M

насловна сл/ brazenwoman.com

Слики-извор: pinterest.com, saleevent.ca, esteelauder.com, morphebrushes.com, bestproducts.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.