Љубовни зборови: Нека трае

Се сеќавам кога бев болна и ме држеше за рака. Бев како мало дете кое сака да се свие до најблиското нешто, најтоплото, каде што се чувствува сигурно.

Се трудеше да направиш да ми биде интересно, ми ги пушташе и моите омилени серии, кои ги имавме гледано 100 пати, само да се чувствувам подобро, бидејќи знаеше дека ми го одвлекуваат вниманието од мојата моментална неспособност да правам нешто друго, освен да лежам.

Тие денови ми ги правеше магични, ни момент не почувствував дека сум болна, дека сум беспомошна и истоштена.

Немаше „појма“ од правење специјалитети, ниту оние најпростите, а тоа толку ми беше симпатично, хехе. Се сеќавам на колачите што проба да ги направиш, и кога нивната малку загорена миризба ме разбуди од сонот во кој по 10ти пат потонав тој ден.

Веднаш станав, си реков – ќе ги јадам па што сака нека биде. Не беа толку изгорени – среќа, но беа толку вкусни, толку топли, ми ја стоплија душата.  Тоа беше твоето прво и успешно правење на колачи :-)

Ти благодарам што се грижиш за мене и кога сакам и кога мислам дека не сакам, кога мислам дека можам сама а не можам. Кога се правам силна, а плачам одвнатре како дете. Кога се плашам во сон а ти ме гушкаш велејќи дека е само сон, дека ти си тука и дека ниту еден злобен лик во него ништо не ми може. Кога ми ја галиш косата кога немам сум болна и немам сила ни да ја исчешлам.

Кога ме сакаш дури и кога некогаш јас не се сакам себеси. Кога сум разочарана од себе, а ти ми ги кажуваш многуте причини за да не бидам.

Кога се гордееш со мене, кога јас мислам дека не сум успеала. Кога ми даваш сила на пола пат кога сакам да се откажам.

Кога ќе ме разочара некој, а ти ми даваш надеж за човечноста во луѓето.

Што ми ја познаваш душата, и кога грешам, знаеш дека не е намерно.

Што ме сакаш, безусловно.

 

Ц.Б

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.