Заборавивте да нанесете антипреспирант?

ЕВЕ ШТО МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ!

 

Штотуку завршивте со туширање, се облековте и набрзина излеговте од дома. Ги започнувате своите дневни активности и одеднаш чувствувате како ширите непријатен мирис од себе. Се сетивте?! Да, заборавивте да нанесете од антиперспирантот. Но, не очајувајте. Сигурни сме дека со себе, во чантата носите влажни марамчиња кои можат да ја завршат истата работа.

Но, внимавајте, влажните марамчиња треба да содржат алкохол и да немаат додатни мириси. Истата функција како овие влажни марамчиња ја има и антибактерискиот гел за раце.

SLIKA-2

Непријатниот мирис под пазувите е предизвикан од бактерии, а алкохолот кој е содржан во марамчињата и гелот ги убива бактериите.

SLIKA-3

Единствено што треба да направите е убаво да ги истриете пазувите со влажното марамче или да го размачкате антибактерискиот гел. Постојте со малку поткренати раце се додека пазувите не се исушат. Подготвени сте за супер пријатно чувство во остатокот од денот!

 

Е.С.

 

pic1/ stylecraze.com

pic2/ doubleinfinitynetworks.com

pic3/ wonderopolis.org

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.