„Smoothie“-појадок со овесни снегулки и јатки

SMOOTHIE ПОЈАДОК СО ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ И ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ

Ова smoothie е одличен појадок кој ќе Ви даде енергија која ќе Ви биде потребна во текот на целиот ден. Освен тоа, ќе Ви го подобри менталното здравје и меморијата.

Потребни состојки:

½ шолја вода

½ шолја свежо цеден сок од портокал

½ шолја овесни снегулки

4 ореви

4 бадеми

4 лешници

1 кафена лажица ленено семе

1 кафена лажица лупен сончоглед

1 кафена лажица гоџи бобинки

SLIKA-2

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со гоџи бобинки. Пред да го консумирате, оставете го да отстои неколку минути, за да можат овесните снегулки да се сврзат со останатите состојки.

SLIKA-3

На здравје!

 

Е.С.

 

pic1/ chefsavvy.com

pic2/ tabsandtidbits.com

pic3/ lifeisnoyoke.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.