„Подзаборавен“ народен лек

ПОДЗАБОРАВЕН НАРОДЕН ЛЕК КОЈ ЈА ЗАЈАКНУВА КОСАТА И ГИ ШТИТИ ЗАБИТЕ

 

Сурутката е течност која останува по засирување на млекото и се употребува при производство на сирење. Одлична е и како додаток во многу прехранбени производи. Бидејќи има голема хранлива вредност, таа се поистоветува и со мајчиното млеко.

Во себе содржи магнезиум, цинк, фосфор, калциум, аминокиселини и витамин Б.

Одлично влијае на косата, бидејќи ја надополнува со протеини. Ги штити забите од кариес и ги отстранува наслагите на забите.

Таа е најдобар избор за пијалок на спортистите, бидејќи го хидрира телото. Ја обновува енергијата, ги намалува грчевите во мускулите и ги опушта. Го забрзува метаболизмот и затоа е одлична за примена во диеталната исхрана.

SLIKA-2

Кај повозрасните, сурутката ја спречува остеопорозата, ги чисти крвните садови и ја подобрува циркулацијата на крвта.

Начин на консумирање: 1 лачица сурутка се раствора во чаша вода. Доколку сакате да биде повкусно, во 1л. сурутка додадете малку топла вода, мед и сок од два лимона. Се пие како додаток во исхраната.

SLIKA-3

Совет: Сурутката помага во излачување на серотонинот – хормон за среќа. Доколку сте под стрес, ви го препорачуваме веднаш!

 

Е.С.

 

pic1/ discount-supplements.co.uk

pic2/ gluttonforlife.com

pic3/ olgasflavorfactory.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.