Отстранување шминка со пена за бричење?

Повеќето луѓе, пената за бричење ја употребуваат токму за она за што е наменета – за бричење на влакната на кожата, но во ова видео можете да видите и една поинаква примена на истата. Станува збор за отстранување на шминката со помош на пена за бричење и пешкир.

 

Пената за бричење е подобра опција од сапунот, бидејќи е помека и понежна. Исто така, таа е и едно од решенијата за отстранување на дамки од пудра од Вашата омилена кошула.

Но, од друга страна пак, се поставува прашањето колку е таа безбедна за употреба на целото лице?

Дерматологот Dendy Engelman од Њу Јорк на ова прашање одговара: „Состојките кои се наоѓаат во пената за бричење секако дека се тестирани за употреба на кожата на лицето, што значи дека се доволно безбедни. Но, не би препорачал отстранување на шминката од пределот на очите со помош на пената. Палмитинската киселина, триетаноламинот, исопентанот, глицерил олеатот, стеаринската киселина, исобутанот, сорбитолот, парфемот, глицерил акрилатот и акрилната киселина може да ги иритира очите или да бидат премногу груби за осетливата кожа на очните капаци.“

Оставаме на Вас да процените дали на овој начин би ја отстранувале шминката!

 

Е.С.

 

pic1/ themorningaftergirls.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.