Аспиринот во помош на убавината

Дали знаевте дека аспиринот на помага само при здравствени проблеми, туку тој е одличен сојузник и на убавината? Еве за што сè тој може да помогне:

Убоди од инсекти. Аспиринот е одличен за намалување на отоците или чешањето од убодот од инсекти. Растопете еден аспирин во вода, намачкајте го местото и оставете го да отстои неколку минути.

За здрава и сјајна коса. Доколку Вашата коса е лесно кршлива и сува, аспиринот е совршен избор за Вас. Во една шолја вода растопете 10 аспирини и нанесете врз чиста коса. Оставете да отстои 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

NASLOVNA

За проблеми со првут. Доколку постојано имате проблем со перутењето на косата, издробете 2 аспирина и помешајте ги со вообичаената количина на шампон која ја нанесувате при миење на косата. Нанесете на косата и оставете да отстои 5 минути. Исплакнете со млака вода.

За избелување на темни дамки на кожата. Кремите кои служат за избелување на темните дамки на кожата, најчесто во себе содржат аспирин. Подгответе си домашна маска така што ќе издробите 7 аспирини со 3 супени лажици јогурт и 1 супена лажица мед. Нанесете ја смесата на посакуваното место и оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете.

За отстранување на акни. Поради своето противвоспалително дејство, аспиринот е одличен за отстранување на акните. Издробете 3 аспирини и измешајте ги со свежо цеден сок од лимон. Нанесете ја смесата врз акните и оставете да делува 5 минути, а потоа исплакнете.

АСПИРИНОТ ВО ПОМОШ НА УБАВИНАТА (3)

За отстранување на мртвите клетки и затворање на порите. Масната кожа, мртвите клетки и затворените пори на лицето се голем проблем. Со помош на аспиринот можете да си подготвите пилинг за лицето. Единствено што треба да направите е да издробите 1 аспирин и да го измешате со многу малку вода, доволно колку да направите паста. Оставете да делува 10 – 15 минути и исплакнете со топла вода.

За омекнување на стапалата. Често пати, особено во летниот период, стапалата стануваат крути, се создаваат мртви клекти кои треба да се отстранат или жуљеви. Аспринот може да помогне при отстранување на истите. Подгответе тесто од 7 аспирини и 1 супена лажица свежо цеден сок од лимон. Нанесете го на посакуваниот дел на стапалата и покријте ги со топла крпа. Потоа тврдата кожа истругајте ја со посебен камен за стапала.

 

Е.С.

 

pic1,2/ rd.com

pic3/ thewellnessinfo.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.