Неколку совети за здрав и негуван изглед

И покрај напредокот на технологијата и различните препарати кои овозможуваат да изгледаме младолико и да ги заменат природните начини на одржување на убавиот изглед, понекогаш е доволно да ги почитуваме овие совети за да изгледаме здраво и негувано. Погрижете се:

 

чај

Вашата коса да изгледа секогаш уредно и чисто, доколку се случи (а на сите се случува) да брзате некаде и да немате време да ја измиете косата, тогаш врзете ја во убав реп или пунџа така што не би се приметиле недостатоците. Грижете се за вашите врвови (кои се најсклони на оштетување) користејќи природни масла.

 

Вашите нокти  да бидат секогаш средени. Тоа не подразбира дека мора секогаш да ви бидат налакирани или маникирани по последна мода, туку да бидат средени како што на секоја дама и прилега.

Да научите со мали трикови да изгледате свежо. Еве еден трик од нас: За уморни очи и отечени очи оставете да остојат на вашите очи кругчиња краставица или кесичка зелен чај (искористена и оладена).

Да се грижите за кожата на лицето, особено после 25-тата година. Доколку не сте заинтересирани за големата понуда на третмани и производи за нега на лице, доволни се природните маски кои може да ги правите дома. Одвоите време, ќе ви се исплати.

здрава исхрана

Да научите дека за да се изгледа убаво и витално не треба да се држат ригорозни диети и пренапорни вежбања. Доволно е да бидете дисциплинирани и редовни во употребата на овошје и зеленчук, здрави масти и вежби кои вас ви одговараат.

Секогаш и секаде да ја држите цврсто главата горе и да чекорите исправено, за да може вашата самодоверба  и убавина да дојде до израз.