Што покажува состојбата на косата?

Убавата и одржувана коса покажува дека добро се грижиме за неа, но и за себе, односно за нашето здравје. Но, што доколку на косата ѝ се губи сјајот, станува лесно кршлива или почнува да паѓа? Тоа не значи само дека не се грижите доволно за косата, туку и за самите себе.

Костата почнува да опаѓа. Опаѓањето на косата може да е резултат на пресилното стегање со стегачот или ластичињата. За да го зајакнете коренот, потребна е редовна масажа на главата со што ќе ја поттикнете циркулацијата. Но, опаѓањето на косата може да биде и знак за недостаток на одредени витамини или некое хормонско пореметување.

Косата ја губи влажноста и врвовите се „расцветани“. Губењето на влажноста на косата предизвикува и нејзино кршење и оштетување. Ова најчесто се случува во летниот период кога косата не се заштитува од сонцето, но и во другите периоди од годината кога за нејзино сушење се употребува фен, или пак, за стилизирање кога се употребува преса или фигаро. Но, доколку на косата ѝ нанесувате производи богати со витамини, но таа и понатаму е лесно кршлива, тогаш можеби имате некои проблеми со органите за варење. Исто така, „расцветаните“ врвови се последица на нередовно шишање на косата. Но, доколку редовното шишање на косата не помага, тогаш можеби имате проблем со неправилна исхрана. Консумирајте многу овошје и зеленчук и не заборавајте да пиете многу вода.

SLIKA-2

Перутење на косата. првутот всушност се микроскопски габи и претставува еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме. Единствен начин за справување со првутот се шампоните или маските за коса. Зголемената појава на првут може да значи и дека имате проблем со дебелото црево или жолчката.

SLIKA-3

Бојата на косата почнува да потемнува или се појавуваат бели влакна. Потемнувањето на бојата на косата може да значи дека имате недостаток на железо во крвта. Раната појава на бели влакна може да значи дека консумирате премногу солена и кисела храна, имате проблем со штитната жлезда или доживувате некои стресни ситуации.

 

Е.С.

 

pic1/ mybeautynaturally.com

pic2/ huffingtonpost.com

pic3/ thehoneycombers.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.