Книга на неделата: „Дланка полна бои“

Дланка полна бои

Автор: Сучен Кристин Лим

„Дланка полна бои“ е повеќеслоен роман што истражува 80 години од историјата на Сингапур преку еден ден од животот на Сувен, млада професорка што се труди да се пронајде себеси како личност и како уметник. Во својата потрага, таа ја истражува богатата историја на семејството на својот очув и открива многу надежи и тешкотии на раната емигрантска заедница на Сингапур – од кинески возачи на рикши и малајски келнери до индиски доктори. Никој не е поштеден од последиците на времињата што се менуваат.

Зад овие кулиси, пријателите на Сувен ги истражуваат темите на уметноста, љубовта, слободата и на предавството. Преку мајсторското раскажување и живописниот јазик на Сучен Кристин Лим, Сингапур на денешницата се сплотува со Сингапур од минатото.

Приказната изобилува со локални вкусови и ароми, а ликовите се живописно претставени и уверливи. Особено чувствителни се тажните животи на жените во приказната.

„Дланка полна бои“ е прв добитник на Сингапурската книжевна награда во 1992 година.

SLIKA-2

Издавач: Антолог

Книжевен центар „Антолог“, ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок. 1

02/3201-007

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.