Нега на коса во зима-помалку познати правила

Со оглед на тоа дека зимата е на прагот, време е косата да ја заштитите на правилен начин.

Оштетувањето на косата е чест проблем, особено кога таа премногу е изложена на многу топло или на многу ладно време. Еве како косата треба да ја негувате на правилен начин:

Ретка коса. Најдобро е да избегнувате претерано нанесување на маски за коса. Доволно е да нанесувате само шампон и балсам за коса.

Густа коса. Маските за коса најдобро е да ги нанесувате еднаш неделно. Густата коса ја задржува маснотијата на маската, па ваквата коса најчесто има суви врвови. Од оваа причина, маската не ја нанесувајте на коренот на косата.

Сува коса. Еднаш неделно нанесете маска за коса, но косата завиткајте ја во капа за бањање, врз неа замотајте топол пешкир и држете ја така 10 минути. На овој начин маската за коса подобро ќе се впие во влакното.

Други правила:

Набавете си крема за премачкување на врвовите. Доколку не сте во можност да си набавите, слободно можете да нанесете крема за раце на база на пантенол.

Својата памучна јастучница заменете ја со свилена која ќе Ви ги зачува влакната на косата.

SLIKA-2

Избегнувајте да употребувате фен, преса или фигаро непосредно пред да излезете од дома. При нагла температура, од топло на ладно, влакната пукаат полесно.

Редовно посетувајте фризерски салон за да ги потшишувате врвовите. На овој начин косата ќе биде поздрава и поотпорна на кршење и оштетување.

Здраво избалансираната исхрана се одразува и на Вашата коса. За да имате цврста коса, потребно е да внесувате протеини. Тие ќе ја заштитат косата од оштетување.

И за крај, не заборавајте косата да ја прекриете со капа или марама доколку сте изложени на ветер, дожд или снег.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ huffingtonpost.ca

pic2/ mevonisle.com

pic3/ reddit.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.