Прошетките во зима – одлични за здравјето

Дали сте знаеле дека прошетките на ладен воздух се одлични за нашето здравје?

Ви нудиме неколку причини за да ја засакате зимата уште повеќе:

Го поттикнува согорувањето на калории во темното масно ткиво. Темното масно ткиво служи за производство на телесна топлина, а со тоа ги согорува и калориите. Колку е поактивно, полесно може да се одржува пониска телесна тежина. Токму ладниот воздух ја поттикнува неговата работа.

Го намалува воспалението на мускулите. Воспалението и отоците на мускулите се третира со ставање лед. Истиот ефект може да се добие кога ќе излезете надвор на ниска температура.

Нема инсекти и преносливи болести. Ниските температури ги убиваат инсектите, како комарците на пример, кои можат да пренесат и болести.

Се чувствуваме подобро во своја кожа. Не морате да се трудите да изгледате привлечно како кога носите бикини. Напротив, можете да облечете што и да посакате, а со тоа и да имате поголема самодоверба.

Ја зголемува енергијата. Ниските температури ја зголемуваат енергијата. Токму поради тоа, излезете на кратка прошетка кога ќе почувствувате дека Ви се намалува енергијата.

Ја подобрува работата на мозокот. Глукозата ја користиме во менталните процеси. На ниски температури нашето тело лачи повеќе глукоза, со што ни се овозможува способност за донесување на решителни и сложени одлуки.

Го подобрува дишењето. Ладниот воздух е одличен за длабоко дишење, одмор и прошетка во природа.

Го подобрува сонот. На лицата кои патат од несоница, особено им се препорачува да спијат во поладна просторија со 16-18° Целзиусови. Телесната температура опаѓа, а тоа овозможува подобар сон.

Совршена е за трчање. Топлиот воздух го исцрпува нашето тело, а со тоа и помалку трчаме со што согоруваме и помалку калории.

SLIKA-2

 

Е.С.

 

pic1/ paper4pc.com

pic2/ shape.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.