Помалку познати факти-што им штети на забите?

Чоколадото и останатите слатки, лошата орална хигиена, пушењето цигари, благото кафе… сите тие можат да им наштетат на Вашите заби. Но, не се само тие, постојат уште неколку причинители на штета.

Интензивно вежбање. Веројатно звучи како лудост, но интензивното вежбање може да им наштети на забите. Научниците тврдат дека со што поинтензивно вежбање, се зголемува и ризикот од појава на кариес. Вежбањето ја намалува количината на течност т.е. плунка во устата, која што е полна со минерали која ги штити забите и ја неутрализира киселината која предизвикува распаѓање и кариес. Сепак, ние секогаш навиваме за физичка активност, но секако не претерано, бидејќи се што е претерано не е добро, нели?

Лекови. Лековите освен тоа што го лечат организмот, има и такви од кои се суши усната празнина, а самото тоа доведува до создавање кариес. Во овој случај најдобро решение е правилна дентална хигиена и употреба на гуми за џвакање без шеќер.

„Невнимателно“ кревање на тегови. Кревањето тегови создава дополнителен напор поради грчењето на вилицата. Ако силно ги стегате забите во текот на вежбањето, наш совет е да користите штитници за заби, слични на оние кои ги користат боксерите.

SLIKA-2

Неправилно миење на забите. Миењето на забите по конзумирањето сок, енергетски пијалок, слатко, црвено вино или кафе, може да ја ослабне глеѓта и да создаде жолтило на забите. Причината е киселината на тие производи, а додека пак, решението е забите да ги исплакнете само со вода или пак, да конзумирате јаболко, целер или морков. Тие на природен начин можат да ги исчистат Вашите заби.

SLIKA-3

Киселина. Киселината која се враќа назад, од желудникот до усната празнина може многу сериозно да им наштети на Вашите заби. Таа киселина е појака од оние кои инаку ја напаѓаат усната шуплина. Ако често имате проблеми со катниците, проблемот е веројатно во киселините. Посоветувајте се со доктор како да го решите тој проблем.

 

Е.С.

pic1/ mnn.co

pic2/ anarchocycli

pic3/ postscript.co

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.