Како „неносењето“ градник ги менува градите?

Можеби сметате дека градникот е добар за Вашите гради, но тој всушност предизвикува многу негативни последици, особено ако не го носите соодветниот број. Доколку не носите градник, ќе ги забележите следниве промени:

Ќе се чувствувате слободни. По напорниот работен ден извадете го и почувствувајте го ослободувањето.

Ќе се подобри циркулацијата на крвта. Градникот го стега телото, а со тоа се намалува и крвниот притисок. Ова Ве прави летаргични и уморни.

Нема да се потите. Носењето градник со помал број од потребниот може да предизвика неудобност и краток здив. Може да предизвика и потење, со што потта се задржува меѓу градите и се впива во градникот, со што се создава одлична подлога за создавање бактерии.

Ќе се зголеми нивниот обем. За кратко време ќе почувствувате како обемот на градите се зголемува за еден број, односно, доколку сте носеле градник со број 75, веќе ќе носите 80. Тоа е така бидејќи ќе почнете да ги активирате градните мускули повеќе, а кои не сте ги напнувале додека сте носеле тесен градник, туку сте научиле да користите други мускули, на пример, стомачни при кревање или носење нешто.

Ќе им се подобри обликот. Жените сметаат дека носењето градник ќе им ги заштити градите од „виснување“, но тоа и не е секогаш случај.

 

Е.С.

pic1/ hellogiggles.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.