Отворен сендвич со банана и путер од кикирики

Овој сендвич има прекрасен вкус. Одличен е за утрински појадок кој ќе Ви ја даде енергијата потребна во текот на денот. Можете да го консумирате и наутро пред да започнете со вежбање. Содржи многу нутритивни вредности кои се потребни за коските и мускулите.

SLIKA-2

Потребни состојки:

1 банана

2 супени лажици путер од кикирики (путер од бадеми)

1 супена лажица мед

1 супена лажица таан (по желба)

Микс од јаткасти плодови и семиња

SLIKA-3

Начин на подготовка:

Излупете ја бананата и поделете ја на половина по должина. Премачкајте со путер од кикирики или од бадеми. Врз путерот нанесете мед, таан и додадете микс од јатки и семиња.

На здравје!

 

Е.С.

 

pic1,3/ talesofakitchen.com

pic2/fitness26.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.