Стилизирање на косата

Поради тоа што многу жени сами, во домашни услови се грижат за изгледот на својата коса, Ви даваме неколку совети и предлози како тоа да го направите, а притоа ефектот да биде ист како да сте излегле од фризерски салон.

Пред сè, најважен е шампонот. Шампонот треба да ја негува и нахрани Вашата коса и притоа да немате потреба да нанесувате дополнителни препарати за нега, како регенератор, капки, маска… Дополнителните препарати само дополнително можат да го отежнат стилизирањето на косата.

При миењето на косата, по правило не треба да ја чешлате, бидејќи мокрите влакна се најподлежни на оштетување. Најправилно е косата да ја исчешлате пред миењето. Но, некои жени косата ја чешлаат додека е мокра, за понатаму полесно и побрзо да можат да ја обликуваат косата и за што помалку да ја употребуваат пресата или фенот. Во тој случај, косата чешлајте ја со чешел со широки запци. Доколку имате природно виткана коса и не можете убаво да ја расчешлате нанесете ѝ малку регенератор.

SLIKA-2

Ако сакате косата веднаш да ја врзете во пунџа или коњско опавче, никогаш не ја расчешлувајте косата, туку едноставно поминете со прстите низ неа додека ја собирате. На овој начин можете да изгледате прекрасно иако не сте се труделе многу околу тоа.

Ако сакате да ја исфенирате косата, тогаш фенирајте ја додека не е целосно исушена. Исто така, при фенирањето употребувајте метална четка за обликување, бидејќи побрзо се загрева. Не употребувајте пластична четка, бидејќи може да се растопи од топлиот воздух од фенот. Некои фризери препорачуваат и керамичка четка.

SLIKA-3

Големи виткани локни можете да имате само доколку третирате поединечни прамени, а не целата коса одеднаш. Доколку локните пак, ги обликувате со фигаро, никогаш не започнувајте да го виткате праменот од самиот корен, туку почнете малку подоле. Вака, косата ќе има природен пад и ќе изгледа многу поубаво.

Секако, не заборавајте дека треба да имате еден препарат за стилизирање на косата, без разлика дали тоа ќе биде пена или лак за коса.

 

Е.С.

 

pic1/ imelda-trainingschool.com.sg

pic2/ pinterest.com

pic3/ in.pinterest.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.