Сакате да бидете посреќни? Игнорирајте го ова

Сакате да бидете посреќни?

Пробајте да го игнорирате ова:

-Да објаснувате нешто за кое сакате да докажете дека сте во право, а другата страна не е заинтересирана за да слуша бидејќи е убедена во своето спротивно верување. Залудно трошење на енергија.

-Да се навраќате на моменти и ситуации наназад и да размислувате дали и каде сте згрешиле. Тоа веќе изминало, и колку и да се навраќате нема да биде истото ниту пак ќе ви помогне заморувањето околу тоа. Освен, ако се работи за нешто кое останало недорешено а вие сакате да го завршите, бидејќи на тој начин би биле помирни и посреќни.

-Да се трудите околу личност која не ви возвраќа и не и е грижа за Вас, без разлика дали се работи за љубовна врска или пријателска…

-Негативна енергија од луѓето кои се во Вашата околина, и кои лично не сакаат да ја сменат таа нивна состојба. Така, многу лесно може и Вие да „паднете“ во неа.

-Одењето на забави на кои воопшто не ви се оди ниту Ви е пријатно со луѓето кои ќе бидат таму. Личноста која Ве повикала на истата забава, би требало да разбере доколку навистина не можете или не ви е пријатно да присуствувате.

-Да ве надвладее стравот. Ослободете се од ова чувство, пробајте, обидете се. Секој кој има стравови, знае дека не е воопшто лесно веднаш да се ослободи од мислите кои тој ги носи со себе, но вреди да се обидете, бидејќи чувството без стравот е многу убаво и олеснително. Помислете на тоа дека ќе се чувствувате полесно и посреќно.

SLIKA-2

-Да се чувствувате помалку вредно од другите, кои изгледаат полни самодоверба и сигурно чекорат. Си велите како да изгледам и јас така? Вие веќе сте такви, само треба да ја разбудите во себе таа самодоверба, и верувајте, веднаш ќе чекорите посигурно.

-Да ве омаловажуваат. Не дозволувајте. Бидете свесни кои сте и што сакате и не се откажувајте од себе. Луѓето кои се склони само кон расправија и омаловажување, не се вредни за вашите изгубени часови мислејќи на нив и на лошото чувство кое го предизвикале во Вас.

-Да ве убедат во нешто во кое не верувате ниту сакате да го направите. Да, постојат и такви моменти каде луѓето ја имаат таа моќ на убедување, дури и кога мислите дека ништо не може да ве предомисли.

-Да размислувате за тоа колку немате среќа во нешто. Подобро размислете за работите што се вистинска среќа во Вашиот живот. А ако нешто не ви се допаѓа во него, пробајте да го подобрите или промените.

 

Ц.Б

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.