Видео: Аквариум-нокти

Овие дводимензионални нокти кои се полни со многу светки и течност изгледаат прекрасно, а особено ќе ги сакаат оние кои се вљубени во светкави работи.

Сè што Ви е потребно се 2 вештачки нокти, декорации за нокти во вид на срциња или ѕвездички, течност – бебешко масло или вода, циркони.

Поставете ги вештачките нокти еден врз друг и залепете ги од 3 страни. Во просторот меѓу ноктите стевете ги светките и декорациите и додадете од течноста околу 90%. Колку поголем простор за воздух ќе оставите, толку подобро светките ќе се движат внатре. Затворете ја и четвртата страна, а потоа декорирајте го ноктот со циркони.

Погледнете го видеото каде е објаснета детално секоја постапка.

 

Е.С.

 

pic1/ youtube.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.