Колку се заморуваме за ситници?

Реален vs нереален проблем.

Колку се заморуваме за ситници?

Дали сте од оние кои честопати знаат да си признаат сами на себе дека премногу се заморуваат за ситници или неважни работи, но не можат да се одвикнат од таа навика?

Упорно и упорно, после толку поуки, повторно дозволуваат да се растревожат беспотребно. Зошто е тоа така? Дали е ова групата на емотивци, или групата на оние кои сакаат да превземаат контрола во животот, и ситуациите да бидат онакви какви што тие би сакале и ги замислиле? Можеби и двете, а можеби ни едното ни другото.. Доколку и Вие се пронаоѓате, дали ви се случило наредниот ден воопшто да не се мачите со истата мисла и ситница од претходниот ден?

Зарем тоа не е доволен доказ дека тоа било сосема неважно и дека всушност не е реален и вистински проблем? Бидејќи проблем е сосема нешто друго..

Но прашањето е едно, како да се спасиме од овие лутачки мисли кои навистина не ни се толку важни, но од свои причини ние им даваме значење и дозволуваме да не „мачат“.

Ајде да пробаме вака:

-Кога ќе ни дојде таква обична мисла, која може да се преобрази во проблем ако не ја контролираме, и ја препознаеме како таква, да пробаме да бидеме посилни од неа во истиот момент. Како? Прво да помислиме дека се работи за работа/ситуација која реално и не ни претставува тешкотија, но ние ја разбираме како таква, необјасниво не копка и ни создава немир. Можеби немаме друг проблем, можеби сме емотивни и се ни паѓа на срце, но дали вистински ова треба да не загрижува и да ни го расипува денот? Дали оваа ситница ве повредува Вас или некој друг? Дали ви е пречка за да бидете расположени и среќни? Доколку не, зошто упорно ја мислите и си создавате тешкотија?  Веднаш помислете на нешто друго, нешто кое ве опушта, објаснете си себеси зошто го мислите тоа и зошто нема потреба да му давате значење. Дали утре, задутре или после некое време ќе ви биде од корист? Дали ќе смени нешто?

Понекогаш овие „филозофии“ навистина можат да бидат од корист. Само ретко ги практикуваме, дали бидејќи не им веруваме или сакаме да мислиме дека не успеваат, тоа е индивидуално…

Што друго може да пробате?

-Пуштете си музика која обожувате да ја слушате, спотови кои сакате да ги гледате. Мотивирачки видеа, или едноставно кажано: Нешто во кое Вие уживате и нешто кое доволно ќе ви го задржи вниманието за да не мислите на „глупости“.

SLIKA-2

 

Ц.Б

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.