Топло чоколадо со потпечено маршмелоу

Ви нудиме прекрасен рецепт за топло чоколадо со потпечено маршмелоу кое совршено ќе Ве стопли во ладните зимски денови.

Можете да ги употребите кесичките со топло чоколадо во прав кои можете да ги најдете во маркетите или пак, во  домашни услови да си подготвите топло чоколадо со овој рецепт:

Потребни состојки:

3 шолји млеко (колку млекото е со поголема масленост, толку топлото чоколадо ќе има покремаст вкус)

3 супени лажици какао во прав

3 супени лажици шеќер

1 ½ супени лажици екстракт од ванила

1 ½ шолја маршмелоу

SLIKA-2

Начин на подготовка:

1 шолја маршмелоу сипете ја во некое тавче и потпечете ги со некоја кујнска запалка. Тоа треба да добие малку кафеава боја со потемни точки по површината. Внимавајте да не потемни целото. Потоа, сите состојки, заедно со потпеченото маршмелоу ставете ги во тенџере на тивок оган. Како  што ќе почне да се загрева, смесата почесто мешајте ја со маталка, за да не се залепи млекото на дното од тенџерето. Загревајте додека не се растопи целото маршмелоу. Топлото чоколадо сервирајте го во 4 шолји и декорирајте го со уште некое парче од преостанатото маршмелоу, кое пред да го послужите исто така ќе го потпечете.

Најдоброто нешто кај ова топло чоколадо е текстурата, односно самиот пијалок има прекрасен пенлив вкус поради самото маршмелоу. Во исто време тоа е кремасто, пенасто и полно со меурчиња.

 

На  здравје!

 

Е.С.

 

pic1/ yolo-sole.com

pic2/ cupcakesandcashmere.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.