Одржување на контактните леќи (втор дел)

Кога станува збор за течноста во која ќе ги чувате леќите и со која ќе ги дезинфицирате, секогаш можете да најдете најразлични видови. Во последно време, најактуелни се All-in-one течностите, кои што во исто време ги чистат и дезинфицираат леќите, вршат депротенизација и им даваат соодветна влажност.

Секако дека секоја течност има свој рок на траење доколку е херметички затворена. По отварањето на течноста, истата треба да ја употребите во рок од три месеци, бидејќи подоцна го губи своето дејство.

SLIKA-2

Кутивчињата за контактни леќи секогаш треба да бидат дезинфицирани. Тоа можете да го направите со течноста за леќи, а не само со вода. Секогаш истурајте ја водата во која преноќиле леќите и не дотурајте од течноста во веќе искористената течност. Кутивчињата за леќи треба да се менуваат барем еднаш на секои три месеци. Исте е случајот и со контактните леќи. Доколку носите месечни леќи, истите треба да ги замените со нови по еден месец.

Избегнувајте да спиете со леќите, освен ако тие се наменети и за спиење.

Никогаш не носете туѓи леќи, бидејќи тоа може да придонесе до создавање на инфекции.

Доколку сте на летен одмор, избегнувајте капење во солена вода, бидејќи ваквата вода може само да ги оштети. Во текот на летниот период, кога UV зрачењето е најсилно, заштитувајте ги очите и леќите со очила за сонце.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ everydayhealth.com

pic2/ ozcontacts.com.au

pic3/ jonbarron.org

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.