Љубовни зборови: Продолжи…

Продолжи да ми ја полниш душата

со секој поглед и насмевка како досега,

како храна од која сум зависна,

од која не можам да се откажам.

Како кофеин без кој

не можам да се разбудам.

И да сакам не можам, а не сакам.

Секогаш да ти светат очите

така кога ќе ме погледнеш,

или кога гледаш било каде

кога сум до тебе.

Дури и кога не ме гледаш

знам дека посакуваш

да погледнеш и да не го тргнеш погледот.

Бидејќи и јас го посакувам тоа.

Секој ден.

Секоја ноќ во сонот.

Ц.Б

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.