Кога да се ослободите од стариот градник?

Разбираме дека градникот Ви е омилен, но тој е сепак стар односно износен. И дали воопшто тој Ви е удобен? Ви нудиме 6 знаци според кои веднаш треба да го фрлите стариот градник:

Го имате изнаносено. Квалитетниот градник може навистина да трае и по неколку години, но само доколку постојано менувате различни градници, а не да го носите постојано истиот. Исто така, градникот за да трае подолго треба да се пере на раце, а не во машината за перење алишта. Кога ќе забележите дека корпите на градникот почнуваат да се набираат одвнатре или пак, доколку од рамките почнат да излегуваат мали ситни бели точкички, односно еластен, време е да го фрлите.

Неудобен градник. Носењето неудобен градник Ве спречува во извршувањето на некои секојдневни задачи. И да немате никаква работа која треба да ја сработите, туку едноставно да седите, дали би седеле стегнати, без никаква удобност? Никогаш не ги трошете парите на нов неудобен градник кој ќе треба да го носите во текот на денот.

Растегнат градник. Растегнатиот градник воопшто не е добар за изглед, ниту пак, нуди удобност. Бидејќи во обемот Ви стои лабаво, постојано ги затегнувате рамките, а поради тоа постојано Ви се „качува“нагоре по грбот.

SLIKA-2

Проблеми со рамките. Рамките имаат важна улога во држењето на градите на „свое место“. Исто така, тие овозможуваат и правилна потпора на градите. Од овие причини, важно е тие да ја имаат соодветната должина. Тое не смеат да паѓаат од рамената, ниту пак, да бидат цврсто залепени за кожата, да ја стегаат и да оставаат траги.

Несоодветни корпи. Никако не смеете да носите градник со корпи во кои градите ќе „пливаат“ во нив или пак, корпите никако не треба да бидат премногу мали за градите да излегуваат од нив. Купете си градник со корпи кои целосно ќе ги опфатат градите.

Промена на телесната тежина. Секако дека кога ја зголемувате телесната тежина, се зголемува обемот на Вашите гради и обратно. Тоа подразбира дека за секоја промена на телесната тежина треба да го менувате и бројот на градникот.

 

Е.С.

 

pic1/ davidwolfe.com

pic2/ idiva.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.