Дали купивте погрешна пудра?

Кога се подновувате со нова шминка, особено внимание треба да посветите на бојата на течната пудра, односно на тоа дали таа одговара на Вашиот тен или не.

Доколку сте купиле посветла боја на пудра, која и не е до толку различна од Вашиот тен, по нанесувањето на пудрата на лицето – нанесете бронзер. Ова ќе ја подобри бојата на пудрата и Вашето лице ќе изгледа совршено. Но, доколку сте купиле многу посветла боја на пудра, тогаш можете да ја употребувате за контурирање. Нанесете ја на средина на челото и меѓу веѓите, по должината на носот, на брадата и на јаболкниците.

SLIKA-2

Доколку сте купиле потемна боја на пудра, која и не е до толку различна од Вашиот тен, помешајте ја со крема за лице, а потоа нанесете ја. Но, доколку сте купиле многу потемна боја на пудра, можете да ја употребувате за контурирање. Нанесете ја на горниот дел од челото, по целата должина од каде што почнува косата, по должината на носот од двете страни и под јаболкниците. Исто така, можете да почекате до наредното лето, кога ќе ја употребите на сончан тен.

При купување на течна пудра не само што треба да обратите внимание на бојата на пудрата, туку и на тоа дали Вашето лице има масна или сува кожа, но и каков ефект сакате да постигнете со пудрата.

Доколку сте купиле пудра со мат финиш, а сакате да постигнете dewy изглед, пред да ја нанесете пудрата, при нанесување на подлогата додадете и хидратантна крема или масло за лице.

Доколку сте купиле пудра со dewy изглед, а сакате да имате мат финиш, по нанесувањето на пудрата, нанесете и камена пудра која ќе го матира изгледот.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ magazine.foxnews.com

pic2/ idiva.com

pic3/ health.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.