Препораки за подготовка на „smoothie“

Доколку постојано работите на Вашиот изглед и Вашето здравје, „smoothies“ се нешто што не би требало да го игнорирате. Здравствените придобивки и нутритивните вредности се многубројни, но различни во зависност од тоа какви намирници ќе употребите за нивна подготовка.

Свежо и/или замрзнато овошје. Невистина не е важно дали ќе ставите свежо или замрзнато овошје. Единствената разлика ќе биде во густината. Доколку сакате ладно „smoothie“, секогаш употребувајте замрзнато овошје наместо коцки мраз. Во зависност од видот на овошјето, можете да комбинирате најразлични видови на овошје.

Комбинации со овошје. Ананас, бобинки и папаја; банана, авокадо и манго; праска, јаболко и круша; лимон, зелен лимон и портокал; цреша, вишна и јагода; бобинки и сливи; зелено јаболко и киви и сл.

Зеленчук. „Smoothies“ со зеленчук, особено со зелен зеленчук се многу поздрави од оние со овошје, бидејќи зеленчукот содржи повеќе нутриенти од овошјето.

SLIKA-2

Комбинации со зеленчук. Целер и праз; пиперка и домат; брокула и карфиол; зелка, кељ и спанаќ; тиквички и краставица; моркови и бел аспарагус; зелка и цвекло и сл.

Без слатки додатоци. Доколку сакате да подготвите здраво smoothie, не додавајте шлаг, шеќер или сируп. Единствено што можете да додадете е мед. Кремаста и густа структура можете да постигнете со додавање на банана или авокадо, а блажината ќе ја добиете од овошниот шеќер кој го содржи секое овошје.

Адитиви за подобрување на здравјето. Ова се некои од суплементите кои можете да ги додадете во „smoothie“: свежи јајца, млеко од соја, кокос или бадем, ленено семе, семе од чиа, овесни снегулки, рибино масло или протеин во прав.

Доколку употребуватесамо зеленчуци, Вашето „smoothie“ може да има малку горчлив вкус. За да го разблажите, додадете и овошје. За здраво smoothie додавајте само вода или базмасен јогурт.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ rd.com

pic2/ energygrrl.com

pic3/ eatthis.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.