Здрава ужина: бадеми и бадемово млеко

Бидејќи домашното е најдобро, пробајте дома да ја направите оваа здрава напивка: Бадемово млеко.

slika-1

Не е воопшто комплицирано за подготовка, се што ви треба се свежи бадеми (количина отприлика колку 2 дланки) и околу 1 литар вода. Ќе започнете од тоа што вечерта ќе ги оставите свежите бадеми во вода за во текот на ноќта или околу 12 часа, додека да омекнат, за да можат да бидат полесни за подготовка и користење. Од кога ќе омекнат доволно така што лушпата би можела многу лесно да се извади, ги ставате во блендер заедно со водата (доколку 1 литар ви е многу и сакате погусто пробајте прво со помалку вода па потоа додадете по потреба) и блендајте додека не се добие смесата која ја посакувате.

Можете да додадете и какао во прав доколку сакате чоколадно бадемово млеко, вкусот ќе биде уште поубав. Потоа, процедете доколку забележите некои ситни парчиња од бадемот или остатоци од лушпата. И, млекото е готово :-)

Ставете го во соодветно пакување-шише или чувајте го во фрижидер 2 до 3 дена.

Бадемовото млеко е одлично за коските, метаболизмот и богат е со минерали и витамин Д и Е.

Бадемите, исто така, се здрава ужина.

Имено, придобивките од консумирањето свежи бадеми се: bademi

  • Богати се со протеини,  растителни влакна, магнезиум,  омега 3 масни киселини, калциум, калиум, фосфор, витамин Е, витамин Б2…
  • Како и оревите, бадемите го штитат срцето и имаат значајна улога во намалувањето на холестеролот
  • Не се многу калорични како другите јаткасти плодови, но сепак треба да се внимава на количината на нивното внесување. Препорачливо е околу 10 свежи бадеми или до една дланка бадеми на ден, најубаво наутро.
  • Помагаат во подобрувањето на системот за варење во организмот.