Зошто е важна негата на пријателствата?

 

-Бидејќи го продолжуваат животот. Најдобрата позитивна енергија се пренесува од добар и позитивен пријател.

-Бидејќи среќа е кога готвите за пријателите, дури и кога не знаете многу да готвите, сепак се трудите со голема желба и љубов. А се што е направено со љубов, е вкусно. Особено кога е поделено со вистинските луѓе.

-Бидејќи се присутни во вашиот живот и ги споделуваат со вас среќните и тешките моменти. Заедно ги славите успесите, заедно тагувате за неуспесите. Болката станува поблага кога ги имате ваквите пријатели до вас. Се ви изгледа некако порешливо, понадежно.

-Не сте сами. Осаменоста е една од најтешките чувства. Убаво е кога имате некој до вас, со кого ги разменувате своите мислења, чувства, некој кој се грижи што имате да кажете и што сакате да направите. Некој за кого и Вие се грижите.

-Кога ви е потребна помош за мислењето на друга личност, за одредена работа која вас ви е потешко сами да ја решите или ве мачи, веднаш знаете на кого да се јавите. И знаете дека после тој разговор ќе се чувствувате подобро.

-Бидејќи имате со кого да го поделите чоколадото. Секако би ви било „тешко“ сами да го изедете цело. J

-Бидејќи се чувствувате жив.

-Бидејќи знаете дека кога имате лош ден, знаете кој ќе ви помогне за да го заборавите тоа и вечерта да ви биде подобра.

-Бидејќи знаете дека има некој кој ве сака и кого сакате.

-Бидејќи кога го браните пријателот, се чувствувате толку добро и силно, вредно…

-Бидејќи животот е полесен и поубав со пријатели.

 

Ц.Б

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.