4 во 1 пенкало за очи

Доколку сте биле ученици во 90-тите години, сигурно се сеќавате на пенкалата 4 во 1. Тоа беа четири бои на мастило – црвена, црна, сина и зелена, сите заедно содржани во едно пенкало.

Компанијата „Кларинс“ од почетокот на Јануари 2017 година има изненадување за Вас.

На пазарот за убавина ќе го лансира новиот производ 4-Color All-In-One Pen (limited edition). Ова пенкало ќе биде совршено за ставање крај на нередот и заштедување на просторот во Вашиот несесер.

SLIKA-2

Наместо да имате 3 посебни шишенца полни со различна боја на туш за очи, отсега ќе можете омилените бои да ги имате на едно место. Пенкалото ги содржи мистериозно црната, богатата кафеава и кралската сина боја.

Четвртата боја во пенкалото е неутрална со која совршено ќе можете да си ги обликувате усните.

Овој производ ќе биде достапен уште во првата недела во месец Јануари 2017 година, по цена од 30$.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

pic1/ stellar.ie

pic2/ bustle.com

pic3/ allure.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.