Магнетна маска за лице (видео)

Оваа магнетна маска меѓу другото, содржи и метални честички, претежно честички од железо, кои помагаат при отстранување на нечистотијата која се наоѓа на површината на лицето и длабоко во порите на кожата. Исто така, помага при хидратација на кожата, ја прави мека и нежна, ја подобрува текстурата на кожата и има анти-инфламаторно дејство. Уште веднаш по првата употреба кожата станува белскава, а тонот изедначен.

slika-2

Како и секоја друга маска, и оваа се нанесува да чиста кожа. Маската се нанесува директно на кожата и се чека да се исуши од 5 до 10 минути. Потоа, со магнетот кој следи како додаток, се отстранува маската. Маската може да се отстрани единствено само со магнет. Отстранувајќи ги металните честички со магнетот, на кожата остануваат да делуваат останатите активни состојки. Ќе почувствувате како кожата Ви е масна, но направете си куса масажа на лицето, со цел кожата да го апсорбира сето тоа.

Оваа маска можете да ја употребувате најмногу 2 пати неделно.

Погледнете го видеото:

 

 Е.С.

 

pic1/ cosmopolitan.com

pic2/ racked.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.