Греено вино за престојните празници

Грееното црвено вино е совршен пијалок кој можете да го послужите за време на престојните зимски празници кои планирате да ги поминете заедно со семејството и/или пријателите.

Одлично е за да го поттикнете расположението и да се загреете во студените зимски денови. Подгответе совршено изненадување за блиските околу Вас и исполнете го воздухот со пријатен мирис збогатен со цимет и портокал.

SLIKA-2

Ви нудиме рецепт за греено вино, кој секако дека ќе можете да си го прилагодите и според Вашиот вкус:

Потребни состојки:

750 мл црвено вино

2 супени лажици шеќер

1 портокал

3 стапчиња цимет

3 цвета од анасон

7 каранфилчиња

½ рендано морско оревче

¼ чаша бренди или ликер од портокал (по желба)

Начин на подготовка:

Портокалот исечете го на цели кришки кругови и заедно со сите состојки ставете го во тенџере на тивок оган да се загрева. Виното никако не смее да зоврие, бидејќи на тој начин ќе го изгуби алкохолот. Загревајте го 10 до 15 минути, а потоа послужете го во стаклени шолји за чај со тацна. Декорирајте ја тацната со стапчиња цимет, парчиња портокал и цветови од анасон.

SLIKA-3

На здравје!

 

Е.С.

 

pic1/ eventbrite.co.uk

pic2/ pinterest.com

pic3/ snowplanet.co.nz

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.