„Smoothie“ со урми и ореви

Урмите и оревите претставуваат голем извор на витамини и минерали, кои на телото му ја даваат потребната енергија за целиот ден. Токму поради овие причини, Ви предлагаме да си подготвите вакво smoothie за почеток на денот.

SLIKA-2

Потребни состојки:

1 шолја кокосово млеко

1 банана

1 шолја излупени урми без семка

5 исчистени ореви

Прстофат сол

Прстофат цимет за подобар вкус (по желба)

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Додадете мраз доколку е потребно. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со оревче или парче банана.

На здравје!

 

SLIKA-3

Е.С.

 

pic1/ isha.sadhguru.org

pic2/ care2.com

pic3/ youtube.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.