Исхрана според крвна група

Според лекарите, здравјето значително можеме да го подобриме доколку храната што ја консумираме ја прилагодиме според нашата крвна гурпа. Според ова, Ви нудиме мини водич за тоа како треба да се храниме, а како не треба.

Нулта крвна група. Лицата со нулта крвна група најчесто имаат импулсивни реакции и од таа причина имаат и висок притисок. За да се намали крвниот притисок се препорачува храна богата со протеини, односно консумирање месо, риба, овошје и зеленчук. Храната која го поттикнува адреналинот треба да се одбегнува, а тука спаѓаат житариците, млечните производи, мешунките, кафето и алкохолот.

Исто така, се препорачува и консумација на масти и калциум, поради високото ниво на ензими кои ја поттикнуваат апсорпцијата во организмот.

Крвна група А. Лицата со крвна група А се смирени и живеат во хармонија, но понекогаш ги совладува стресот, што предизвикува хормонално пореметување. Треба да се хранат со многу лесно сварлива храна, нешто слично на вегетаријанската кујна, се со цел да се избегнат кардио-васкуларните болести и дијабетисот. Можеби сте голем обожавател на месо, но лесно можете да го замените со соја или мешунки. Исто така, треба да консумирате житарици, овошје и зеленчук.

После секое јадење, се препорачува правење лесни телесни вежби.

Крвна група Б. Лицата со крвна група Б кога се под зголемен притисок имаат зголемена количина на лачење на хормонот за стрес – кортизол и поради тоа претставуваат лесен плен за автоимуни болести. Иако лицата од оваа група се најголеми уживатели на храна, од своето мени мораат да ги отфрлат хељдата, леќата, кикириките и пченката. Од месото, треба да го одбегнуваат пилешкото, бидејќи токму тоа ја зголемува можноста од добивање срцев удар или пореметување во притисокот. Наместо пилешко, консумирајте јагнешко месо.

За да го задржите под контрола шеќерот во крвта консумирајте нискомаслени млечни производи, јајца и зеленчук.

SLIKA-3

Крвна група АБ. Лугето со оваа крвна група имаат тешкотии со варењето на храната. Поради спорото враење, храната се претвора во масни наслаги и поради тоа треба да консумираат што повеќе риба, млечни производи и зеленчук, а да ги отстранат од употреба јаглехидратите и протеините, односно лебот и месото.

 

Е.С.

 

pic1/ health.usnews.com

pic2/ marieclaire.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.