Спас од срамежливоста

Тие што се срамежливи знаат какво е чувството на вцрвенување на образите кога ќе навлезат во некоја тема која и не им е толку „удобна“ или доколку се најдат во ситуација во која не знаат како добро да се снајдат или да се опуштат…Тоа не е ништо страшно, ниту за плашење, но би било прекрасно доколку се надмине, секако доколку се биде доволнос свесен и се работи на таа ситуација.  Во комуникација со срамежливите личности, честопати ќе наидете на тврдењето од нивна страна, дека, таков е нивниот карактер и не можат да се променат колку и да сакаат. Дека се би дале за да бидат конечно опуштени во друштво, да не се вцрвенуваат ниту возбудуваат кога ќе дојде нивниот ред за да кажат нешто ставајќи се себеси во центарот на вниманието во одредената просторија, сакаат да престанат да се чувствуваат помалку самоуверено поради таа срамежливост и на некој начин и бегство.

Секоја срамежливост си има свој степен, но и секоја срамежливост  би можела да се намали или надмине, секако со мала помош.

SLIKA-2

Што би можела личноста да проба да направи за себе?

-Да се соочи со својата ситуација,  да си побара самопомош и да ја собере силата поттикната од желбата да успее, да биде посамоуверена, посигурно да чекори и да говори, а со тоа надминување и посреќна.

-Доколку  личноста не може самата да се справи со ситуацијата срамежливост, сосема нормално и бесрамно е да ја побара помошта која и е потребна, бидејќи понекогаш разговорот со друга личност, која има повеќе искуство за тој проблем може да помогне и да ја намали мрзоволноста на личноста кон чекорите за остварување на својата цел. Честопати луѓето знаат да се откажат при првите неуспешни обиди, но тоа не е во ред. Напротив, тоа треба да им даде уште повеќе сила за да продолжат да се трудат.

-Исто така, не е воопшто срамно и доверувањето на блиска личност која знаете дека може да ве сослуша, да умее на некој свој начин да ве смири и да ви ја пренесе својата самоувереност. Таквите личности, кои изгледаат и одлучуваат самоуверено се голем поттик за оние срамежливите.

Личноста која е срамежлива, може да проба да излегува заедно со ваквите пријатели, можеби нема веднаш да се опушти, но веројатноста дека со тек на време ќе се опушти во разговорите со другите луѓе е многу голема, а чувството после тоа е одлично.

– Не заборавајте дека зачленувањето во одредена групна едукативна, развојна, или спортска активноста може да биде од голема помош. Доколку не пробате, нема да знаете.

-Срамежливоста не треба да ве затвори само во круговите во кои вас ви е најудобно. До секој успех се доаѓа постепено, со труд и верба во себе, токму тој пат подразбира и собирање на храброст преку верувањето во себе, да бидете отворени за комуникација, да формирате познанства без страв да го почнете првиот разговор или да се двоумите како да возвратите на прашањето кое ви е поставено или разговорот кој некој друг прв го започнал со Вас.

Во истиот момент треба да го исклучите копчето на паника, а да го вклучите она кое ви вели дека вие сте посебна личност, добра личност,  дека ниеден страв не е посилен од вас, и дека можете да го водите тој разговор со своите ставови и размислувања, и дека нема да дозволите да се затворите во себе. Дека ќе бидете расположени и сигурни кога говорите, и дека сте пријателски расположени, бидејќи можноста да запознаете прекрасен пријател е секогаш отворена. Можеби токму оваа е таа можност?

SLIKA-3

 

Ц.Б

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.