Брзи трикови за справување со стресот

Девојки, веќе ни е јасно дека стресот е штетен за здравјето. Познато е дека девојките се најубави и најпривлечни кога се насмеани. Сепак, од моменталната нервоза не може да се избега, но затоа може да се справите со неа со неколку трикови:

Јавете се на блискиот пријател/ка или на вашата мајка. Доколку се тие личностите кои ве смируваат и секогаш знаат да го кажат правиот збор во право време, без двоумење побарајте ги и позборувајте со нив.

Излезете на прошетка. Пешачете…

Ставете слушалки, изгаснете го светлото дома, легнете со испружени раце и нозе, не размислувајќи за ништо (или размислувајте за убаво нешто, убаво место, среќни луѓе). Пробајте да се опуштите.

Имате дома боенка? Можеби звучи детинесто, но познато е дека боењето има ефект на смирување.   

Пуштете тивка музика, запалете миризливи свеќи (особено ако имате лаванда) и разбудете ја креативноста во себе.

Доколку одредена ситуација ве вознемирила и изнервирала, напишете ги вашите чувства на лист хартија, исфрлете ги од себе а потоа искинете го и фрлете го листот.

Дозволете си некоја коцка чоколадо (порепорака да биде со 70% какао).

Напијте се чај од маточина, докажано овој чај дава чувство на смиреност кај повеќето луѓе.

 

Ц.Б.