Неколку предлози за ладните зимски вечери…

Неколку предлози кои може да ве „спасат“ од досадување во ладните зимски и снежни вечери

-Доколку времето и снегот се совршени за прошетка, искористете ја и поканете пријател/ка со Вас. Шетајте, почувствувајте како крцка снегот додека чекорите и додека си ги раскажувате новитетите и импресиите од Новата Година и славењето на празниците.

-Смејте се, правете топки од снег како кога бевте деца. Потсетете се на тоа убаво и безгрижно чувство.

SLIKA-2

-Изненадете го партнерот, пријателите, или Вашето семејство со некој убав и топол ручек/вечера. Поставете ја и декорирајте ја убаво и идилично масата и спремете се како што треба за своите блиски.

-Стоплете се под Вашето најомилено и најтопло ќебе и резервирајте си ја вечерта за некој добар филм, бидејќи овој период има доста интересни и празнични филмови, кои ќе ве расположат и подготват за убав сон.

-Направете празнични колачиња, во било која форма. Доколку не сте пробале досега, има многу видеа кои може да ве инспирираат и помогнат со рецептот.

-Колачињата одат одлично со топло какао.

-Изненадете некоја блиска личност со мал но значаен подарок но и практичен за овие студени денови.

-Напишете си ги на еден лист Вашите желби и цели за оваа година. Почнете од најприоритетните и оние кои најмногу ги посакувате.

-Ладните вечери поминати дома се совршени за топла купка.

 

Ц.Б

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.