Неколку седи влакна во помладите години…

Појавата на седи влакна секогаш не значи дека стареете, туку можат да бидат и резултат на претрпен стрес.

Но, штом ги забележите, сигурни сме дека веднаш се досетувате да ги извадите од корен. Тоа всушност и не е добра идеја, бидејќи со постојаното отстранување, со текот на времето можете да ја оштетите фоликулата на влакното и да го успорите нејзиниот раст.

SLIKA-2

Исто така, не е добро ниту да го скратите до коренот, бидејќи кога ќе почне да расте, нема да расте надолу со косата, туку нагоре, па сигурни сме дека не сакате да имате седо влакно кое стрчи нагоре.

Најдобро би било да ставате прелив на косата или да се офарбате. Постојат и таканаречени маркери за седи влакна со кои можете да го обоите влакното. Одлични се за употреба, не го бојат скалпот, туку само влакното. Или пак, едноставно, научете да ги игнорирате тие три или четири седи влакна кои веруваме дека само Вие ги забележувате.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

photos/ brickandmirrorbeauty.com , femside.com, healthista.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.