Љубовни зборови: Да ти кажам

Како да ти кажам дека

не престанав никогаш да те сакам?

Дури и кога ме нервираше,

на моменти и разочаруваше.

Знам, беа ненамерни,

бидејќи имаме исти срца,

големи и топли.

Како да ти кажам дека

не можам да се спасам од тебе?

Живееш во мене,

како дел од мене,

твојата кожа е иста како мојата,

твоето дишење го следи моето,

твоите очи се огледало на моите.

Никогаш и не можев да се спасам.

И да сакав, и да ти бев бескрајно лута,

не можев.

Како да ти кажам дека телото ми реагира

на секоја средба со тебе?

Како да ти кажам дека денот ми го правиш

подобар и повреден?

Како да ти кажам дека си мојата

мотивација?

Како да ти кажам дека  со тебе

се е поубаво?

Како да ти кажам дека

не сакам да заминеш,

бидејќи ти си тој кој ме прави среќна?

Ц.Б

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.