Овозможете си поубав изглед на трепките

Сигурно се прашувате што да промените за кратките трепки без волумен да го добијат посакуваниот волумен, или често се двоумите при изборот на маската односно четкичка… Еве што да одберете и како да го подобрите изгледот на трепките:

Изберете ја вистинската четкичка. Треба да знаете дека четкичките со пластични влакна убаво ги дефинираат трепките, а оние со силиконски влакна им даваат романтичен изглед.

За трепки со волумен. Доколку сакате трепки со волумен, мора на нив да нанесете база за маскара, која ќе ги здебели и зајакне трепките и секако, два слоја маскара. Пред да го нанесете вториот слој, почекајте да се исуши првиот, па испрскајте ги со термална вода во спреј, за да се омекне текстурата.

SLIKA-2

За кратки трепки. На четкичката за веѓи ставете малку маскара и со неа поминете преку врвовите на трепките. На овој начин трепките ќе станат подолги.

За визуелно покрупни очи. маскарата почнете да ја нанесувате од средина на трепките кон врвовите. Почекајте да се исуши, па потоа нанесете маскара од средината кон коренот на трепките. Ова ќе Ви овозможи визуелно покрупни очи.

И скапа и евтина маскара. Секако дека треба да инвестирате во скапа маскара, но ќе ја употребувате во комбинација со евтината, така што ќе ставите еден слој скапа, еден слој евтина маскара.

Отстранување на грешките и дамките од маскара. Дамките од маскара лесно можете да ги отстраните со мицерална вода или тоник за лице. Само натопете парче памук и ставете го врз дамката. На овој начин нема да ја избришете целата шминка.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

photo1/ elle.com

2/ totalbeauty.com

3/ maybelline.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.