„Smoothie“ со печени костени

Почувствувајте го вкусот на зимата со превкусното „smoothie“ со печени костени. Единствена претходна подготовка која треба да ја направите пред да почнете со подготовка на ова „smoothie“ е да ги испечете костените.

slika-2

Потребни состојки:

1 шолја бадемово млеко

½ шолја грчки јогурт со вкус на ванила (по желба)

½ шолја печени и излупени костени

½ банана

½ кафена лажица цимет

Прстофат морско оревче

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во чаша и декорирајте со парче банана и цимет.

slika-3

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ theworktop.com

2/ mitzyathome.com

3/ tastecelebration.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.