Грешки при шминкањето кога некаде доцните

Веќе доцните, а сеуште не сте се нашминкале… Во ваков случај, сигурно заборавате на некои важни чекори во процесот.

Доколку имате масна кожа, најважниот чекор е чистењето на лицето и отстранувањето на маснотијата. Отстранете ја со хартиено марамче во пределот на јаболкниците, брадата, очните капаци и Т-зоната.

SLIKA-2

Доколку имате сува кожа, никако не смеете да заборавите да нанесете хидратантна крема. Лицето масирајте го барем 1 минута за кремата да продре во кожата, па потоа нанесете пудра.

Следната грешка што ја правите е нанесување на пудрата со прсти. Бидете сигурни дека само прстите, пудрата не можете добро да ја изблендирате, па затоа послужете се со сунѓерчето за шминка.

И за крај, маскарата. Сигурно Ви се случува да останат траги од маскарата околу очите. Иако се брзате, отстранете го вишокот маскара од четкичката пред да ја нанесете на трепките, бидејќи вишокот маскара се распрскува по кожата со таа брзина на нанесување.

 

Е.С.

 

photo1/ vida.com.mt

2/ violetgrey.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.