Предностите на зелениот чај

Зелениот чај има многу предности меѓу кои и неговиот придонес за убав и здрав изглед на кожата.

Со негово редовно користење, но секако без претерување(бидејќи содржи кофеин), тој може да помогне во одржувањето на здрав организам и убав изглед на кожата.

За неговите благодети многумина слушнале и истите ги осетиле со неговото користење, но накратко:

*Овој чај е полн со антиоксиданти корисни за кожата и организмот

* Со неговото редовно користење кожата на лицето станува почиста и поубава,

*Покрај тоа помага во одржувањето на денталното здравје

*Го намалува ризикот од дијабет

*Ги  елиминира токсините од телото

*Помага во одржувањето на телесната тежина, при што спречува да се создаваат масни наслаги во телото.

 

*За подочници: Оладените вреќички зелен чај ставете ги на подочниците кога ќе ви се појават и држете ги околу 15-20 минути. Зелениот чај содржи теин кој ги намалува отоците.

Ова се само неколку од придобивките од неговото користење. Па, дали сте за чај? :-)

 

Ц.Б.