Зошто во зима добиваме повеќе килограми?

Сигурни сме дека кога ќе забележите дека не можете да ги закопчате панталоните или омилената кошула кои само пред еден месец Ви биле точни, вината ја префрлате на зимата. И треба. Но, подзамислете се и за Вас.

Ова се петте причини поради кои зимата влијае врз Вашето зголемување на килограмите:

Празнична храна. Во зимскиот период, особено во Јануари има голем број празници во кои се јаде доста калорична храна, почнувајќи од предновогодишните прослави, Нова година, Бадник, Божиќ… Колку и да сте се труделе претходно да се храните здраво, едноставно, овие празници не ви го дозволуваат тоа. Овде не спаѓа само храната која е причина за зголемувањето на килограмите, туку и алкохолот.

SLIKA-2

Јадење под стрес. Денес, сите имаме брз начин на живот, што доведува и до постојан стрес. Притоа, се внесува калорична храна во поголема количина од вообичаената порција.

Сезонско спиење. Сите знаеме дека 8 часа сон се доволни за да добиеме енергија потребна за целиот ден. Но, многу често луѓето се соочуваат со сезонско нарушување на сонот. Тие повеќе време поминуваат во кревет лежејќи и одморајќи се без да спијат (нешто слично на несоница) или пак, спијат многу подолго отколку што им е навистина потребно. Премалку или премногу сон го нарушува телесниот часовник и поради тоа килограмите почнуваат да се зголемуваат, односно се намалува излачувањето на хормонот лептин, што доведува до зголемување на апетитот.

Кратки зимски денови. Зимските денови се многу кратки, односно веќе попладне почнува да се стемнува, а тоа кај луѓето создава „сезонска“ депресија. Кога се чувствувате иритирани, депресивни, анксиозни имате зголемена потреба за храна, особено за блага храна, која содржи премногу калории. Доколку ваквата храна не помага за намалување на депресијата, обично луѓето се ориентираат кон алкохолот за да го подобрат расположението. И да, расположението може ќе се поправи, но ќе се „поправите“ и Вие плус некој килограм.

Избегнување на природата. Како што се намалува температурата, така се намалува и мотивот за излегување надвор од домот. Доколку само што сте се вратиле дома од работа или од предавања, дали повторно би излегле надвор на прошетка или на тренинг? Со неправењето макар и вообичаени дневни активности, кои во летниот период ги правите без проблем, како на пример прошетка со кучето, не ги согорувате калориите кои ги внесувате во текот на денот, што секако, повторно доведува до зголемување на килограмите. Излезете на прошетка во природа, наместо да седите дома и постојано да гледате филмови придружени со junk food.

SLIKA-3

 

Е.С.

 

photo1/ eatthis.com

2/ fmumc.org

3/ rainydaymagazine.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.